За нас

 

ЗСК е формиран во далечната 1969 година. Местоположбата на оваа компанија нуди поволни природни услови за производство на еколошки чисти и здрави производи. Сместена во срцето на струмичката котлина ЗСК е обвиткан од двете страни со планинските венци на планината Беласица и Огражден. Чистиот воздух, сонцето и природните изворски води претставуваат одличен предуслов за призводство на здрави и еколошки чисти производи. Компанијата е приватизирана во 2003 година од страна на ДООЕЛ ГНА кога дневното производство на млеко изнесуваше околу 3 тони. Во нејзин состав влегуваат фарма, магацински простор како и 660 хектари плодна обработлива површина која се обработува со сопствена механизација. Од овие обработливи површини се произведува сточна храна со која се задоволуваат потребите на фармата. Во моментов вкупниот број на крави и друг добиток изнесува 900 грла. Храната произведена по природен пат како и поволните климатски услови придонесуваат за одличен квалитет на млекото што се произведува . Моменталното производство на млеко изнесува 5 тони дневно и тенденција е зголемување на производството на 8 тони Млекото се добива од квалитетните сорти на фризиски крави .

Видео записи
  • снимка бр.1 (5,2MB)
  • снимка бр.2 (4,2MB)
  • За добитокот, како и за квалитетот на млекото, се грижи тим на ветеринарни доктори и други стручни служби. Секој месец квалитетот на млекото дополнително се испитува од страна на институтот во Скопје.

    ЗСК не застанува овде, со крупни чекори се оди напред за подобрување на механизацијата, како и за зголемување на бројот на грла, зголемување на дневната количина на млеко, како и подобрување на квалитетот на млекото.

    Се планира и зголемување на производството на сточна храна со што покрај задоволување на потребите на фармата ќе се произведува и храна за продажба.

    Picture-001.jpg Picture-002.jpg Picture-003.jpg Picture-004.jpg
    Picture-005.jpg Picture-006.jpg Picture-007.jpg Picture-008.jpg
    Picture-009.jpg Picture-010.jpg Picture-011.jpg Picture-012.jpg
    Picture-017.jpg Picture-018.jpg Picture-015.jpg Picture-016.jpg
    Picture-027.jpg IMG_0004.jpg IMG_0005.jpg Picture-020.jpg
    Picture-026.jpg IMG_0002.jpg Picture-024.jpg sliki 028.jpg
    sliki 026.jpg