|
|
Локација
Република
Македонија со главниот град Скопје е вкотвена во централниот дел на Балканскиот
Полуостров и има Значајна географска местоположба, што е условена од природните
погодности на долините и котлините низ кои водат важни комуникации, како и од
релативно малата оддалеченост од Егејското и Јадранското Море. Преку Македонија
по должината на Вардарската Долина се протега најкратката надолжна линија меѓу
Средна Европа и Средоземното Море т.е. Блискиот Исток.Градот Струмица се наоѓа
во југоисточниот дел на Македонија и со неговата популација од околу 100 000
жители , е најголемиот економски и културен центар во тој регион.Струмица ужива
умерена медитеранска клима која е карактеристична и за целата струмичка долина.
Топлите и суви лета и студените и влажни зими резултираат со температури кои
можат да достигнат и до 40 степени Целзиусови во лето но и да паднат до -20
степени Целзиусови во зима. Средната годишна температура е околу 10 степени
Целзиусови. Погодната клима и квалитетната почва го преставуваат најголемиот
економски потенцијал во струмичкиот регион. Благодарение на единствената
медитеранска клима, Струмичката долина е најголемиот производител на
раноградинарски култури во Македонија.
|
|