Производство

 

Во моментов, вкупниот број на крави и друг добиток во ЗСК Струмица изнесува 900 грла. Храната произведена по природен пат, еколошки чистата средина како  и поволните климатски услови придонесуваат за одличен квалитет на млекото што се произведува . Моменталното производство на млеко изнесува 5 тони дневно и тенденција е зголемување на производството на 8 тони.

Oд 660 хектари плодна обработлива површина која се обработува со сопствена механизација се  произведува сточна храна со која се задоволуваат потребите на фармата. Идните планови на фармата се сврзуваат со зголемено производство на сточна храна која ке се користи и за продажба.

Поради одличниот квалитет како и големата побарувачка на млекото, идните инвестирања ке бидат во изградба на капацитети за флаширање на млекото како и производство на сопствени млечни производи.